Филипче: Новото срце во градите на 39 годишна жена почна да чука

-Почна да чука новото срце ❤️ во градите на 39 годишната жена на која утрово и беше извршена трансплантација. Тешката операција траеше 5 часа. На пациентката и посакувам побрзо опоравување – напиша на фејсбук министерот Филипче.

Доцна синоќа заедно со моите колеги Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска, тимот кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев и д-р Тања Анѓушева ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот, напиша утринава неврохирургот и министер за здравство Венко Филипче, кој беше во тимот што ја направи третата транплантација на срце.

Веста дека операцијата е завршена прв ја објави д-р Митрев.

-Кога е човечки живот во прашање, не е важно дали е ден или ноќ, викенд или работен ден. Тимот лекари придружени од анестезиолозите, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри ја изведоа оваа операција која траеше околу 5. Станува збор за 40 годишна жена чие семејство даде согласност, нејзиното срце да продолжи да чука во градите на 39 годишна жена. Исто така се очекуваат уште две бурежни транспланатации во текот на денешниот ден, напиша Митрев.

Ова е првата жена кај нас што доби вештачко срце. Во сите три случаја, и кога пациентите беа мажи, дарителки на срце се (семејствата на) починати жени.

Back to top button
Close