Филипче: Пациентката врз која беше извршена трансплантацијата на срце најпрво се исплаши и ја одби операцијата

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека пациентката прво ја одбила трансплантацијата на срцце.

Оваа пациентка која сега се трансплантираше беше на првото место на листата на трансплантација и претходниот период, меѓутоа се исплаши и одби, рече Филипче во гостувањето на Телма за третата трансплантација на срце во историјата на Македонија.

Според него, сега кога се понудила повторна шанса за да добие срце, пациентката била повторно контактирана и овој пат прифатила.

Кажа дека не можела да си прости што претходниот пат одбила трансплантација. Сепак, станува збор за пациенти без друга опција, на кои трансплантацијата им е единствен пат, за да го продолжат животот. Тие дури не се кандидати за механички срца, додаде Филипче.

Операцијата беше извршена врз 39 годишна жена, со вродена срцева маана, кoја подолго време чекаше донор. Тешката операција трaеше 5 часа.

Жената донор на срце и бубрези, која спаси три човечки животи била мајка на десет месечно девојче кое долго го очекувала.

Освен срцето, беа пресадени и бубрези од донорот и тоа кај 44-годишен маж кој беше на хемодијализа и кај 30-годишна жена која беше на перитонеална дијализа.  Двајцата пациенти на кои завчера им беа трансплантирани бубрези од починат донор се чуствуваат добро.

Back to top button
Close