Филипче: Во следните две до три недели сите да бидеме крајно внимателни

Во следните две до три недели сите да бидеме крајно внимателни, апелираше денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека има некакви позитивни приближувања, ќе се види дали е тоа почеток на крајот на епидемијата и затоа не смееме да ризикуваме уште еден силен бран.

Министерот апелираше за доследност од страна на граѓаните и почитување на мерките и препораките од здравствените власти со цел да се одржи опаѓачкиот тренд на болеста.

„Апелирам да се празнува одговорно, во кругот на семејството, без групирање, со почитување на пропишаните протоколи и мерки“, рече Филипче.

Back to top button
Close