Финска го отстрани последниот споменик на Ленин од својата територија

epa04076291 Flag of Finland at the Laura Cross Country Center during the Sochi 2014 Olympic Games, Krasnaya Polyana, Russia, 14 February 2014. EPA/FILIP SINGER

Финска го отстрани последниот споменик на Ленин од својата територија, јавија дел од светските медиуми.

Десетици луѓе го гледаа демонтирањето на споменикот во југозападниот град Котка. Поединци прославија со шампањ.

Некои го поздравија ваквиот потег, додека други изразија незадоволство, дел од нив со знамето на СССР в раце.

Споменикот на Ленин во замислена поза, „стана вреден за некои луѓе, или барем нешто вообичаено“. Мнозинството посака споменикот да биде отстранет, „бидејќи одразува еден период на репресија во финската историја“, според претставникот на општинските власти во Котка, Марку Ханонен.

Финска преживеа два крвави конфликта со Советскиот сојуз за време на Втората светска војна. Земјата прифати присилна неутралност во периодот на Студената војна во замена за силите на Москва да не ја нападнат повторно нејзината територија.

По руската инвазија на Украина, започна низата демонтирање споменици поврзани со СССР, потсетуваат медиумите

Back to top button
Close