Финска одлучи: Земјата ќе поднесе барање за влез во НАТО

Финска одлучи да поднесе барање за приклучување кон воената алијанса на НАТО, изјавија денеска во заедничката изјава финскиот претседател Саули Нинисто и премиерката Сана Марин.

„Финска мора да аплицира за членство во НАТО без одлагање“, рекоа Ниинисто и Марин.

Ова е голема промена на политиката предизвикана од руската инвазија на Украина.

Финска, која дели 1.300 километри долга граница и тешко минато со Русија, претходно остана надвор од Алијансата.

Во продолжение е целосната изјава на финскиот претседател Саули Нинисто и премиерката Сана Марин.

„Во текот на оваа пролет, се одржа важна дискусија за можното членство на Финска во НАТО. Потребно е време да се остави парламентот и целото општество да ги утврдат своите ставови по ова прашање. Потребно е време за блиски меѓународни контакти со НАТО и нејзините земји-членки, како и со Шведска. Сакавме на дискусијата да и го дадеме просторот што го бараше. Сега кога е блиску моментот на одлучување, ги кажуваме нашите еднакви ставови, и за информирање на пратеничките групи и партии. Членството во НАТО ќе ја зајакне безбедноста на Финска. Како членка на НАТО, Финска ќе го зајакне целиот одбранбен сојуз. Финска мора да аплицира за членство во НАТО без одлагање. Се надеваме дека националните чекори кои се уште се потребни за да се донесе оваа одлука ќе бидат преземени брзо во следните неколку дена“.

Back to top button
Close