Фирмите поврзани со Сашо Мијалков должат данок над 4 милиони евра
Фирмите поврзани со Сашо Мијалков должат за данок над 4 милиони евра, а две од нив се топ 10 должници на УЈП на листата која е објавена на веб сајтот на даночната Управа, пренесе Фокус.
Фирмата Дивелоп груп должи над 123 милиони денари за данок, а во сопственичката структура се синовите на Сашо Мијалков преку фирмата Бест веj.
На 6-то место е сопственикот на хотелот Мериот, Хотел Гранд М, која должи над 120 милиони денари за данок.
Меѓу нив, со сличен долг од над 2 милиони евра е и кумановската компанија Абира плус која до 2018-та била во сопственост на Трајче Заев, братучедот на поранешниот премиер Зоран Заев.
Најголем должник е неактивната СГСМ Оил-Гас со чешки сопственици, а долгот кон УЈП изнесува над 218 милиони денари односно околу 3,6 милиони евра.
На второ место на листата со должници е комуналното претпријатие од Гостивар.
Вкупниот долг за данок и од фирми и од поединци изнесува околу 133 милиони евра, покажуваат податоци на УЈП