Физиотерапевти: Пациентите со ковид-19 одново ги учиме да седат и да одат

Околу половина од пациентите дијагностицирани со ковид-19 кои се лекувале на Клиниката за инфективни болести поради тешката клиничка слика која ја развиле и засегањето на целокупниот организам, имаат потреба одново да ги учат дури и основните работи за враќање во нормален живот, како што се седнување, исправање, одење. Задолжен за овој дел од лекувањето и рехабилитацијата е физиотерапевтот Велимир Тричковски.

Тој за „Слободен печат” објаснува дека со овие пациенти работи од нивниот прием во болницата, па се до испраќањето дома, но не секогаш успеваат да ги испратат пациентите, што се вели, на нозе. Проблеми со движењето поради вирусот имаат почесто повозрасните пациенти, но не се поштедени ниту помладите.

Тричковски објаснува дека ако неколку дена не се движат и на прават вежби, особено повозрасните пациенти, залегнуваат и потоа не може да се исправат поради вртоглавици и физичка слабост. Со пациентите се работи за одржување на физичката кондиција, како и на помагање на процесот на дишење, што е многу важно, бидејќи најголем број од нив имаат воспаление на белите дробови.

Повеќе

Back to top button
Close