Фокус: Агим Красниќи и Сехат Рамадани екстрадирани од Косово во Македонија

Агим Красниќи кој беше дел од „кондовска група“ и Сехат Рамадани вчера биле екстрадирани од Косово, пренесува „Фокус“.

По претходно дозволена екстрадиција тие се сместени во затворот во Штип за доиздржување на затворската казна на која беа осудени.

Красниќи чие село Кондово на почетокот на двеилјадитите години беше држава во држава, по четири години бегство беше уапсен на Косово на крајот на април.

Тогаш вестите од Косово беа дека Красниќи во Урошевац бил уапсен аедно со неговиот брат, Бесим Красниќи, Фадил Точи и Сехат Рамадани.

Агим Красниќи во Косово се сомничи за убиство во обид, додека Рамадани и Точи за учество во тепачка во Урошевац, а Македонија ги бара сите четворица со меѓународна потерница.

Повеќе

Back to top button
Close