Фокус: Неколку часа по смртта на негувателот на жирафите во Скопје ЗОО, починала и последната жирафа во градината!

Откако денес јавноста ја затекна веста дека починал Ристе Трајковски, ЗОО негувател, кој се грижеше за жирафите во скопската зоолошка градина, попладнево доаѓа друга лоша вест од ЗОО Скопје.

Неофицијално, пред неколку часа починала и последната жирафа во зоолошката.

 

Извори од зоолошката за „Фокус“ велат дека не можат да зборуваат официјално за настанот и угинувањето на жирафата Флопи, бидејќи не се овластени да даваат изјави за медиуми, а пак директорот Зоран Поповски не одговори на нашите телефонски повици.

„Не можам сега да разговарам, ќе се слушнеме покасно“, одговорил кусо за порталот Скопје 1 вд директорот Попов

Низа на немили настани се случија периодов во институцијата. Од салмонела почина жирафата Каспер, со силен брзоделувачки отров беа отруени ретките пржевалски коњи, а зоолошката го изгуби и статусот за кандидат во Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми-ЕАЗА.

Една од најпосетуваните институции до пред две години, денес скопската зоолошка градина се соочува со сериозни ситуации кои ја вознемирија јавноста.

Се очекува официјално соопштение од зоолошката, по повод последните настани

 

 

Back to top button
Close