ФОТО: Група од околу сто лица го блокира автопатот кон Белград, граѓаните излегоа на протест поради ситуациајта во Косово

Група од околу стотина лица вечерва околу 20 часот го блокираа автопатот Белград-Нови Сад кај Автокоманда поради ситуацијата на Косово и Метохија.

Велат дека тоа го направиле поради конфликтот меѓу Србите и припадниците на КФОР во Звечан.

Да потсетиме, претходно денеска силни сили на КФОР разбија собир на граѓани кои беа собрани пред општина Звечан. Беа употребени солзавец и шок бомби. Потоа следеше реакција од толпата која возврати со шишиња и други предмети. Во судирите се повредени најмалку 50 лица, меѓу кои и дваесеттина војници на КФОР.

Back to top button
Close