ФОТО: Пендаровски и Бектеши положија цвеќе на местото на трагичната несреќа во Бугарија

Претседателот на државата Стево Пендаровски и министерот за економија Крешник Бектеши положија цвеќиња на местото каде што се случи страшната сообраќајна несреќа во која 45 лица загинаа откако автобус се запали.

Ова на својот Фејсбук профил го објави Бектеши.

„За време на посетата во Бугарија, заедно со претседателот Пендаровски, положивме цвеќиња на местото каде што минатата година се случи трагичната несреќа во која го загубија животот десетици граѓани на Република Северна Македонија“, напиша Бектеши.

 

 

Back to top button
Close