(ФОТО+ВИДЕО) Десетици илјади луѓе се евакуирани поради поплави во Кина – 11 лица се водат како исчезнати
Единаесет лица, според британскиот национален сервис, се водат како исчезнати, а досега нема информации за жртви.
На снимките што ги пренесуваат кинеските државни медиуми, како и оние на социјалните мрежи се гледаат големи површини под вода и спасувачи како со чамци пренесуваат луѓе зафатени од поплавите.
Неколку големи реки се излеани од коритата, а кинеските власти, според извештаите, внимателно го следат, како што се наведува, високиот водостој на реките.
Властите предупредуваат дека нивото на една од реките во северниот дел на Гуангдонг би можела да го достигне својот врв, што се случува еднаш во 100 години. Тоа, се наведува, може да се случи до денеска претпладне.
Имено, голем дел од оваа провинција лежи во ниската делта на реката Перл, која е подложна на поплави поради излевања кај нејзиниот слив, пораст на морското ниво и морски бури.
Делтата на оваа река е една од главните производствени бази на Кина и еден од најгусто населените региони во земјата, во кој само Гуангдонг е дом на околу 127 милиони луѓе.
Главниот град на провинцијата Гуангжу, како и помалите градови Шаогуан и Хејуан се меѓу најтешко погодените од поплавите, пренесува Би-би-си.
Поради обилните врнежи од дожд и поплавите, околу 1,16 милиони домаќинства во текот на викендот останале без струја. По интеренцијата на надлежните служби снабдувањето со електрична енергија е повторно воспоставено за околу 80 отсто од засегнатите домаќинства.
#UPDATE A total of 11 people are missing after continuous heavy rainfall hit many parts of South China’s Guangdong province in recent days, the provincial emergency management department said Monday. (Video: Xinhua) https://t.co/QAFqJnETab pic.twitter.com/Vs4a1tL147
— China Daily (@ChinaDaily) April 22, 2024
Дождот кој континуирано паѓа ги откажа летовите на меѓународниот аеродром Бујан во Гуангжу, а стигнале наредби за одложување на наставата во најмалку три града во провинцијата.
Според британскиот национален сервис, има информации за последици по десетици домови низ провинцијата, кои се или урнати или сериозно оштетени.
Првичните проценки на кинеските власти се дека директните економски загуби од поплавите изнесуваат речиси 140,6 милиони јунари, односно околу 19,8 милиони американски долари.
Десетици домови низ провинцијата или се урнаа или се сериозно оштетени, а властите проценуваат директна економска загуба од речиси 140,6 милиони јуани (19,8 милиони долари).
Видеа, споделени на социјалните мрежи покажуваат како порои вода кои брзо се движат уриваат ѕидови од куќи и мостови.