(ФОТО+ВИДЕО) „Не е несреќа, туку убиство“, „Врските не враќаат човечки живот“ – граѓани бараат правда за Фросина
31.01.2025 14:38
657 Читање помалку од 1м
Стотици граѓани денеска се собраа на протест по повод прерано згаснатиот живот на младата Фросина од Неготино која беше прегазена додека поминувала пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, во близина на пекарницата „Силбо“.
Граѓани во колона чекаа ред за да запалат свеќи пред фотографијата на Фросина.
Дел од нив со транспаренти во рацете испратија пораки до властите: „Не е кобно местово, туку луѓето и системот“; „Не е несреќа, туку убиство“; „Обвинители = соучесници убијци“; „Врските не враќаат човечки живот“.
Граѓаните на мирниот протест бараат правда за сите жртви од сообраќајни незгоди. На булеварот се собраа многу млади, но и повозрасни граѓани кои бараат да се расчисти овој случај.
Тие бараат зголемено полициско присуство на улиците, да се вратат позорникарите и да се казнат виновниците за овој случај – од обвинетиот до обвинителите и судиите кои го ослободувале младиот возач за претходните дела.