(ФОТО + ВИДЕО) Празни касите во големите маркети
Денеска голем дел од граѓаните одлучија да ги бојкотираат маркетите поради високите цени на продуктите.
При проверката утрово, ги немаше вообичеаните утрински гужви кои беа постојани особено во петок, пишува 24инфо.
Ништо поразлично не е ниту на пладне.
24инфо.мк посети два маркети од познати синџири и од она што можевме да го видиме е дека нема ресиси никој освен вработениот персонал.
Касите се празни, нема редици, нема метеж, единствено може да се забележи некој случаен купувач кои купува ситни намирници.
Очигледно, граѓаните останаа доследни на ставот дека денес во знак на протест нема да пазарат.