Франција ја продолжи финансиската помош за спортот до септември

Франција ќе ги продолжи мерките за финансиска помош до септември, за да и помогне на спортската индустрија да се справи со ефектите од пандемијата од коронавирус, соопшти Министерството за спорт на земјата.

Министерството соопшти дека француската влада досега обезбедила околу 2,8 милијарди евра (3,1 милијарди долари) финансиска помош на спортскиот сектор во текот на изминатите три месеци.

Спортот многу страдаше заради глобалната пандемија. Фудбалскиот шампионат беше прекинат предвреме, а многу спортски натпревари беа одложени или откажани.

Back to top button
Close