Франција го одбрани олимпиското злато во одбојка

Француската машка одбојкарска репрезентација ја одбрани титулата олимписки првак, откако попладнево во финалето на Игрите во Париз ја совлада Полска со максимални 3-0 во сетови (25-19, 25-20, 25-23).

Жан Патри беше најефикасен француски одбојкар со 17 поени, а ветеранот Бартош Курек со 10 поени ја предводеше Полска.

За Французите ова е втор олимписки медал и втор златен. Освен тоа, Франција стана третата репрезентација која успеала да го одбрани златото во машка одбојка, по СССР (1964, 1968) и САД (1984, 1988).

Од друга страна, актуелниот европски првак Полска го освои вториот олимписки медал, а прв по пауза од 48 години и златото од Монтреал во 1976 година.

Бронзата ја освои селекцијата на САД која во петокот ја совлада Италија со 3-0 (25-23, 30-28, 26-24).

Back to top button
Close