Француско МНР: Апсењето на градоначалникот на Истанбул може да има страшни последици за демократијата во Турција

Франција денеска ја изрази својата длабока загриженост по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, водечки политички противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објавија француските медиуми.

-Ова може да има тешки последици за турската демократија, изјави портпаролот на француското Министерство за надворешни работи Кристоф Леман.

„Како што потсети Советот на ЕУ во своите заклучоци за проширувањето на Унијата, усвоени на 17 декември минатата година, важно е Турција да се придржува до меѓународните обврски што доброволно ги потпиша, особено како земја членка на Советот на Европа“, рече портпаролот.

Back to top button
Close