Фрчкоска: Јанева е спроведена со полиција да присуствува на “работен” состанок во ДЗР спротивно на закон и без претходна најава

Адвокатката Ирена Фрчкоска во изјава за Либертас наведува дека Катица Јанева денеска била спроведена со полиција да присуствува на „работен“ состанок (на кој не мора да присуствува доколку не сака) во ДЗР без претходно да прими уредна покана или со претходна најава.

 

Фрчкоска вели дека Јанева од домашен притвор е однесена со полиција во ДЗР, да и биде презентиран извештај кој го направил ДЗР.
На лице место се наоѓал И ЈО за ГОКК.

-Ако е повикана за презентација на ревизорски извештај, тоа не е јавнообвинителска работа, тоа е на Заводот за ревизија и тие можат да побараат да и биде презентиран преку судија на претходна постапка. Тука јавниот обвинител нема никаква улога. Нејасно за нас е зошто присуствува јавен обвинител на лице место. Во знак за револт, бидејќи била игнорирана, и не ѝ било овозможено да повика адвокати и народен правобранител за заштита на нејзините права го направила тоа, a потоа и се слошило и била повикана Брза помош. Била сама, уплашена и многу вознемирена – вели Фрчкоска.

Back to top button
Close