Фрчкоски му ги предаде акредитивните писма на Антонио Гутереш

Нa 17-ти мај 2022 г., амбасадорот и Постојан претставник на Република Северна Македонија при ООН во Њујорк – ЉУБОМИР ДАНАИЛОВ ФРЧКОСКИ ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на ООН – АНТОНИО ГУТЕРЕШ.

Aмбасадорот Фрчкоски на разговорот со генералниот секретар на ООН – Гутереш, информира за најважните стратешките приоритети во надворешната политика на Северна Македонија и моменталната состојба околу ЕУ интегративниот процес на земјата, посебно после потпишувањето и влегувањето во сила на тнр. Договор од Преспа. Ги ре-афирмира генералните македонски позиции на поддршка на работата на ООН и на генсек на ООН, како и вкупните наши активности во работата на Организацијата.

Генералниот секретар на ООН – АНТОНИО ГУТЕРЕШ уште еднаш оддаде признание за подготвеноста и покажаната политичка волја на Владата на Северна Македонија низ дијалог и компромис да ги решава најкомплицираните и најсензитивните билатерални  проблеми, во интерес на своите национални приоритети, но и за стабилноста и развојот на Регионот, за тоа посебно акцентирајќи го тнр. Договор од Преспа. Генералниот секретар Гутереш, исто така, го истакна и досегашниот придонес на земјата како активен субјект во работата на ООН и степенот на остварената соработка со телата, органите и агенциите на ООН.

Претходно во Њујорк се одржа и коктел средба под покровителство на ЕУ мисијата во ООН во чест на 9ти Мај Денот на победата над фасшзмот. Средбата се одржа во Музејот на фотографиите на Парк Авенија. Присуствуваа сите амбасадори на земјите членки на ЕУ и други гости. Тоа беше и првата промоција на новиот амбасадор на Северна Македонија, Љубомир Фрчкоски и тоа беше и вистински повод за неа .

 

Back to top button
Close