Фудбалската Лига Европа почнува вечерва во новиот формат

Со натпреварите Боде Глимт-Порто и АЗ Алкмар-Елфсборг, кои се на програмата од 18:45 часот, вечерва стартува фудбалската Лига на Европа, која ќе се игра во нов формат.
Во второто по ранг европско клупско натпреварување оваа сезона ќе учествуваат 36 клубови, а во првата фаза ќе се одиграат осум кола, што е форматот кој годинава е на сила и во Лигата на шампиони.
Во секое коло ќе се играат по 18 натпревари, а првата фаза ќе трае до 30 јануари 2025 година.
Трофејот во Лига Европа минатата сезона го освои Аталанта која во финалето на ова натпреварување го победи Баер Леверкузен со 3-0.

Back to top button
Close