ФЗО води 11 судски постапки во Германија, откри Клековски

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски соопшти дека институцијата води 11 судски спорови пред германски судови со болница во Фленсбург, поврзани со лекување пациенти во странство.

Тој појасни дека во минатото таму биле испраќани пациенти за трансплантација на матични клетки, но по прекинот на соработката останале финансиски разлики што довеле до правни постапки.

Клековски информираше дека минатата година биле реализирани околу 290 случаи на лекување во странство, за што се издвоени околу 7 милиони евра.

Тој нагласи и дека се потребни поголема контрола и отчетност во здравствениот систем, особено во делот на дежурствата и прекувремената работа, за да се спречат можни злоупотреби и да се обезбеди поголема транспарентност

Back to top button
Close