Разрешен првиот човек на Агенцијата за разузнавање Ерол Муслиу на негово место именувана Габриела Јаковлева

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска донесе одлука за именување на Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање и одлука за разрешување на досегашниот директор Еролд Муслиу.

Сиљановска Давкова, како што информираат од нејзиниот Кабинет, денеска ја разрешила и заменичката директорка во Агенцијата за разузнавање Александра Бакреска Додовска и ја именуваше Ивана Стојановска.

Габриела Јаковлева и Ивана Стојановска се долгогодишни професионалци во Агенцијата за разузнавање.

Претседателката Сиљановска Давкова овие одлуки ги донесе согласно нејзините уставни и законски надлежности, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет. 

Сепак претседатечлата Давкова пред  извесно време на новинарско прашање дали и кога ке постави нов човек на агенцијата за разузнавање одговори дека проверила и нема законски начин да го смени директорот Муслиу од функцијата затоа што има уште 3 години од мандатот и дека може да биде сменет ако направи повреда во службата или ако сам се повлече

Но само по десетина денови од ваквата изјава на председателката таа денеска на крајот на работното време им испратила решенија дека ги разрепува досегашниот директор и заменичката и поставила нови  нејзини кадровски решенија.

Со какви образложувања се донесени рзрешувањата председателскиот кабинет навел дека се согласно законските надлежности а кои се тие не објаснуваат.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close