Гафови на светски лидери при „исклучен” микрофон

Не се случува тоа често, но јавноста понекогаш добива можност да дознае што навистина мислат светските големци еден за друг. „Политико“ ги разгледува случаите што се појавија на насловните страници, сведочејќи дека светската елита не е имуна на озборувањето „зад грб“, но пред несреќно вклучен микофон…

Елизабета Втора: Овие луѓе „не прават ништо“ за климата

Во четвртокот, британската кралица Елизабета Втора беше фатена како зборува за светските лидери кои зборуваат, но не дејствуваат за климатските промени.

– Слушнав сѐ за ЦОП. Сѐ уште не знам кој ќе дојде. Немам идеја. Навистина е досадно кога зборуваат, но не прават ништо!, прокоментира таа, не знаејќи дека јавноста ја слуша.

Џастин Трудо го озборува Доналд Трамп

Можеби најсочниот од неодамнешните случаи е оној со Џастин Трудо, снимен на кралскиот прием за лидерите на НАТО во Бакингемската палата во 2019 година. Канадскиот премиер францускиот претседател Емануел Макрон, холандскиот премиер Марк Руте, принцезата Ана и британскиот премиер Борис Џонсон беа фатени како разговараат за нивните уникатни искуства со „бомбастичниот“ тогашен американски претседател Доналд Трамп.

„Дали затоа доцните?“, Џонсон го прашува Макрон. – „Доцнам затоа што Трамп 40 минути гоовреше пред новинарите горе. Устите на неговите луѓе им беа до подот“, вели Канаѓанецот.

Трамп подоцна го нарече Трудо „лицемер“ и рече дека Канаѓанецот не го сака поради неговото барање Отава да ја постигне целта од 2 отсто за воените трошоци на НАТО.

Дејвид Камерон запеа од среќа!

Откако го загуби референдумот за Брегзит, британскиот премиер Дејвид Камерон поднесе оставка и се обрати на „Даунинг стрит“ бр. 10.

„Ви благодарам многу!“, ја заврши Камерон изјавата и се врати назад кон вратата. На изненадување на сите, брош-микрофонот ја забележа и веселата мелодија секунди подоцна по повод оставката.

Никола Саркози: Бењамин Нетањаху е лажго!

– Не можам да го поднесам Нетањаху, тој е лажго!, му рече францускиот претседател Саркози на американскиот претседател Барак Обама во 2011 година.

– На Вас ви е доста од него, но јас морам уште почесто да разговарам со него од вас, воврати Обама.

За жал, Саркози и Обама во тоа време мораа тесно да соработуваат со израелскиот премиер за да ги спречат иранските нуклеарни амбиции.

Џон Мејџор против својот Кабинет

Гневот и фрустрацијата на Џон Мејџор од десничарските британски ториевци избувнаа кога, во бес, нарече тројца членови на неговиот Кабинет – „копилиња“. Нападот врз евроскептичните министри, кои не беа именувани, но речиси сигурно е дека тоа беа Мајкл Хауард, Питер Лили и Мајкл Портиљо. Тоа се случи неколку минути по гласањето за доверба што го одржа Мејџор во фотељата.

Роналд Реган и неговата шега за бомбардирање на Русија

„Моите верни Американци, со задоволство ве известувам дека денеска потпишав закон со кој Русија ќе ја снема еднаш засекогаш. Ќе започнеме со бомбардирање за пет минути!“.

Она што лесно можеше да биде почеток на „трета светска војна“ беше, всушност, проверка на микрофонот на Реган пред неговото неделно радио обраќање во 1984 година. Неговата смела шега не се емитуваше во живо, но подоцна протече во јавноста, и додаде масло во огнот на Студената војна.

Дејвид Камерон против лидерите на Нигерија и Авганистан

– Лидерите на некои крајно корумпирани земји доаѓаат во Британија… Нигерија и Авганистан, веројатно двете најкорумпирани земји во светот, рече Камерон пред кралицата за време на роденденската прослава во 2016 година.

И кралицата, повторно!

Кралицата Елизабета, мислејќи дека микрофонот е исклучен, ги опиша кинеските власти како „многу груби“ за време на државната посета на претседателот Си Џинпинг на В. Британија во 2015 година.

Back to top button
Close