ГАЛЕРИЈА: Најдобрите фоторепортерски фотографии за 2024 година

Фотографии од жена која го прегрнува телото на својата внука во Палестина, разурнувачки поплави и земјотреси, искуствата на пожарникарите со шумски пожари како и воени напади, се најдоа на листата на најдобри прес фотографии за годинава.

Селекција на фотографии од 24 победнички проекти и шест почесни споменувања се дел од годишниот натпревар за Светски прес фотографии. Добитничките приказни ќе бидат дел од глобалната изложба која ќе гостува во Лондон во мај. Четири глобални победници ќе бидат избрани на 18 април.

„Овие финални селектирани дела се таписерија на нашиот денешен свет, фокусирани на слики за кои веруваме дека се направени со почит и интегритет, кои можат да зборуваат универзално и да резонираат многу подалеку од нивното потекло. Ова е можност да се поздрави работата на фоторепортерите насекаде и да се засили важноста на приказните што тие ги раскажуваат, честопати во незамисливи околности“, изјави пкретседатеатал на глобално жири, Фиона Шилдс, шеф на фотографија во „Гардијан“.

 

Back to top button
Close