ГАЛЕРИЈА: Трета ноќ нереди во Франција – над 600 уапсени

Франција трета ноќ по ред доживеа насилни протести по смртта на еден тинејџер – палени се автомобили, уништувани згради и ограбувани продавници. Претседателот Макрон закажа нова кризна седница на владата.

По третата ноќ со насилни нереди во кои се претвори револтот по смртоносниот истрел на еден полицаец во еден тинејџер, францускиот претседател Емануел Макрон за денеска повторно свика кризна седница на владата.

Низ целата земја ноќеска и во раните утрински часови се уапсени 667 лица, соопшти францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин. Ангажирани биле над 40.000 полицајци забезредијата да бидат ставени под контрола.

Насилните протести беа испровоцирани од смртта на 17-годишниот Нахал М., кој беше застрелан од страна на еден полицаец при сообраќајна контрола.

Во париското предградие Нантер, каде живеело момчето со северноафриканско потекло, мирниот протест, најавен како комеморативен марш, прерасна во насилство и судири со полицијата.

Толпа луѓе палела автомобили, низ улиците се подигани барикади, а врз полицијата се фрлани тврди предмети. Во центарот на главниот град, како што соопшти полицијата, во една од трговските улици биле искршени излози на продавниците и дел од нив ограбени. До безредија дошло и во Марсеј, Лион, Тулуз и Лил

Back to top button
Close