Галетановски за СДK: Ме викнаа во МВР бидејќи напишав шега на мојот фејсбук профил

Директорот на скопската Зоолошка градина Ѓорѓи Галетановски бил повикан да даде исказ во полиција оти на Фејсбук напишал тие што ќе ја заокружат бројката на една од партиите на гласачкото ливче да шкртнат „Северна“.

Галетановски за СДК  вели дека денеска околу 15 часот телефонски бил повикан од единицата за економски криминал да дојде да даде изјава во врска со објавата на Фејсбук.

„Веднаш отидов во единицата за економски криминал заедно со мојот адвокат. Коментарот на мојот Фејсбук профил беше шега и тоа го кажав при давањето изјава. По еден час ми рекоа дека можам да си заминам”, вели Галетановски.

Од денеска во сила е предизборен молк до завршување на гласањето за парламентарните избори задутре (15 јули).

Back to top button
Close