Газиња за столчиња

Си мислев, си мислев, за што ли би можел јас да бидам национален координатор? Ама да звучи ептен сериозно, толку сериозно, за луѓето да си помислат којзнае овој човек што сè треба да сработи за да си ја заработи платата. На пример, поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски е разрешен од функцијата национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка и е унапреден со нови задолженија како национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка. Уффф…

Имав малку тешкотии со читањето. А Роберт Поповски, кој беше министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, со новата Влада доби и нова функција – национален координатор за одговорно владеење и транспарентност.

За координатор за неодговорно владеење уште трааат консултациите со ДУИ. Прво се напрегам да прочитам. Па, откако ќе прочитам, се мачам да сфатам што сакал авторот да каже. И после се прашувам: Дали сум јас многу глупав или тие се многу паметни оти, еве колку и да се трудам, не можам да смислам функции со вакви имиња. Мора да има некој што мисли во Владата.

Не мора сѐ да биде бесмислено. Дали тој што ги смислува имињата е национален кординатор за смислување имиња на функции? Иако, тука и не треба да бидеш многу длабокоумен. Едноставно е: Има повеќе газиња од столчиња.

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК може да ја прочитате  тука

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close