Географија не се губи, туку ќе се подели во два предмети

Со новата наставна концепција за шестто одделение предметот географија нема да се губи туку ќе се подели во два предмети, вели за Телма, директорот на Бирото за развој, Зекирија Хасипи. Географијата, додава тој, ќе се изучува во предметите природни науки и општествени науки.

Ниту историјата не се губи, вели Хасипи, туку ќе биде дел од предметот историја и општество кој ќе се изучува од 6-то до 9-то одделение. Етика на религии пак останува слободен изборен предмет.

Хасипи уверува дека наставниците по овие предмети кои ќе се интегрираат во други, нема да останат без работа.

-Никој нема да остане без работа. Со новата концепција наставниците имаат шанса да изработат програми од слободни изборни предмети и со тие програми може некој наставник да има полн фонд на часови. Овие предмети ќе ги предаваат истите наставници, но секој ќе си предава свој предмет своја тема – вели Хасипи.

Но според наставната програма во предметот природни науки, речиси и да нема ништо поврзано со географија, посебно со територијалната. Од наставната програма може да се забележи дека шестоодделенците ќе учат за својства и промени на супстанците, Сончев систем Сили и движења, Електрицитет и магнетизам, Грижа за животната средина

Back to top button
Close