ГЕРБ на Бојко Борисов победи на изборите во Бугарија

ГЕРБ на Бојко Борисов победи на изборите во Бугарија.Но, по се изгледа, дека ниту идниот бугарски парламент нема да има мандат од четири години.

Бугарија тешко дека ќе добие стабилна влада и по четвртите парламентарни избори кои се одржуваат во последните година и половина.

На 99,40 отсто од преброените гласови ГЕРБ доби 25,43 отсто од гласовите.Второто место го зазема Продолжуваме со промените со поддршка од 20,21 отсто.Трети се ДПС со поддршка од 13,66 проценти.

Партијата „Преродба “ е четврта со 10,17 отсто од преброените гласови.За Бугарската социјалистичка партија гласале 9,32 отсто од гласачите, а за Демократска Бугарија 7,46.

Според освоените гласови „Има таков народ“ е под границата за влез во парламентот.

Формирањето на стабилна влада ќе биде исклучително тешко, за што предупредуваше и бугарската експертска јавност.Она што се случи денес всушност покажува дека огромен број луѓе продолжуваат да веруваат, како и ние, дека Бугарија може да биде поинаква, да биде успешна, да биде просперитетна, да не ја јаде корупцијата“, рече копретседателот на „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков во првиот говор по завршувањето на изборниот ден.Тој е категоричен дека нема да коалицира со ДПС и ГЕРБ.

Според него, ГЕРБ-СДС како прва политичка сила треба да преземе одговорност и да формира владина коалиција

Back to top button
Close