Германскиот „Велт“ ја ангажираше руската новинарка што протестираше против војната

Новинарката која имаше антивоен протест за време на најгледаната руска информативна програма е ангажирана од германскиот весник „Велт“.

Марина Овсјаникова се најде на насловните страници откако истрча во живо на емисијата „Времја“ на Канал 1, држејќи табла на која пишуваше: „Не војна, прекинете ја војната, не верувајте во пропагандата, овде ве лажат“.

Таа беше задржана 14 часа и на крајот беше казнета со 30.000 рубљи (280 долари).

Но, и покрај потенцијалниот ризик од понатамошно гонење, 43-годишната уредничка одлучи да остане во Русија, каде што сега ќе биде хонорарен дописник на „Велт“ „што известува од Украина и Русија, меѓу другите места“.

Во изјавата, Овсјаникова рече дека ја презела новата улога бидејќи весникот „се залага за она што толку жестоко го бранат храбрите луѓе на теренот во Украина во моментов: За слободата“

 

 

Back to top button
Close