Германските добавувачи на гас под истрага дали ја злоупотребиле државната помош

Германскиот регулатор за заштита на пазарната конкуренција почна истрага за да утврди дали добавувачите на гас овозможиле злоупотребата на ценовните плафони и државната помош преку одредување на цените.

Берлин издвои 200 милијарди евра за да им помогне на компаниите и домаќинствата да се справат со рекордно високите сметки за струја и гас.

Регулаторот за заштита на пазарната конкуренција се сомнева дека група добавувачи на гас ги приспособиле цените на крајните потрошувачи, кои со тоа се стекнале со право на државна помош, иако цените на пазарите во меѓувреме паднале.

„Прописите забрануваат формирање на цени за крајните потрошувачи што резултираат со неоправдани барања за државна помош“, предупреди Германскиот регулатор.

„Оправдано се сомневаме дека цените што им се наплаќаат на крајните потрошувачи се објективно неосновани и решивме да го расветлиме“, вели Андреас Мунд, шеф на регулаторот за заштита на пазарната конкуренција, во соопштението, најавувајќи проверки во греењето и електрична енергија.

„Иако не се сомнева во се, во иднина редовно и систематски ќе ги следиме сите податоци што ги доставуваат компаниите за надоместување на трошоците“, додаде Мунд.

Во соопштението, регулаторот не ги именуваше добавувачите на гас, туку само рече дека под лупа се „двоцифрена бројка на компании од гасниот сектор“.

Back to top button
Close