Германските експерти за еден ден го завршија увидот во опожарената болница

Германските крим техничари за само еден ден го завршија  увидот во опожарената модуларна болница во Тетово која денеска остана само под силното полициско обезебдување – потврдуваат за ТВ24 од Јавното обвинителство.

Собраните докази ќе се вештачат во лабораториите во Германија, а резултатите од вештачењето и анализите ќе бидат доставени во Јавното обивнителство Тетово.

Истовремено пак Обвинителството за организиран криминал и корупција ја  разгледува документацијата за јавната набавки на сите модуларни болници.

„Обвинителството за организаран криминал и корупција, е надлежно само во делот на јавната набавка, и само тоа ќе се проверува, дали се испочитувани процедурите. Оваа набавка одела и според посебен закон кој го има донесено Владата. И само тоа е наша надлежност другото не.“ – Вилма Русковска – Обвинителство за организиаран криминал и корупција.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека треба да се почека да заврши експертизата и потоа да се донесе одлука за депонираните морални оставки  на министерот, неговиот заменик и директорите на болницата.

„Треба да заврши експертизата што ја спроведуваат странските експерти, во четвртокот стигнаа и германски експерти. Мислам дека посмислена, поцелисходна ќе биде одлуката која се заснова на објективни факти, отколку таа што се заснова само на политиканство и на повици на опозицијата. И да се реализира една оставка, само поради политички притисок, поради повик на опозицијата, не ја постигнува целта.“ – Бујар Османи – ДУИ.

Опозиционерите  се сомневаат дека нема да има  објективна истрага ако првите луѓе во здравство останата на своите позиции.

„Оставката секогаш билa и ќе биде чин на одговорност. Одбивањето на оставки во владата после еден таков трагичен настан како во Тетово само значи две работи: Оваа влада нема морал, и оваа влада не чувствува одговорност. ВМРО-ДПМНЕ не бара одговорност од владата поради политичка малициозност или затоа што има лични мотиви против Заев или Венко Филипче туку поради тоа што се неспособни, но и поради објективна истрага која мора да ја има.“ – Владо Мисајловски – ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот Филипче пак денеска прв пат после понудената оставка се појави во јавноста. Вели – не бегал од одговорност.

Пожарот во модуларната болница во Тетово избувна на 8-ми септември. Четиринаесет лица, од кои најголем дел пациенти кои се лекуваа од КОВИД загинаа, а 12 беа повредени.

Back to top button
Close