Германските фудбалски клубови лани продале рекорден број влезници
Германските фудбалски клубови од Првата и Втората лига продадоа рекорден број билети во сезоната 2023/24, соопшти денеска Германскиот фудбалски сојуз (ДФЛ).
Во сезоната 2023/24. продадени се вкупно 20,74 милиони билети, со што прв пат во историјата е пробиен прагот од 20 милиони влезници.
ДФЛ, која ги раководи со двете најсилни фудбалски лиги во Германија, објави дека вкупниот приход во двете лиги изнесува 5,87 милијарди евра, што е за 12 отсто повеќе отколку во рекордната сезона 2022/23.
Според ДФЛ, елитната Бундеслига, која има 18 клубови, има поголема просечна посетеност од елитните лигашки натпреварувања во Англија, Шпанија и Италија, додека бројот на гледачи на натпреварите во Втората германска лига е споредлив со француската Лига 1 и со американската МЛС.
Германските второлигаши минатата сезона прв пат надминаа приход од една милијарда евра.