Германското разузнување пресретнало разговори на руски војници за убивање цивили во Буча, пишува „Шпигел“  

Германското федерално разузнавање пресретнало радио комуникации на руската војска, во кое разговарале за убиствата на цивили во украинскиот град Буча во близина на Киев. Ова го пренесува магазинот „Шпигел“.

Според текстот, разузнавачите го пријавиле ова во германскиот парламент на 6 април. Меѓу материјалите од извештајот беа презентирани неколку снимки од пресретнати комуникации. Така, во еден од дијалозите, војската разговара за убиство на велосипедист, во друга радио порака, еден човек вели дека војникот прво мора да биде испрашан, а потоа да биде застрелан.

Прислушуваните разговори укажуваат и на тоа дека убиствата можеле да се случат и во други области окупирани од Русија, вклучително и во околината на Мариупол, кој е под опсада неколку недели.

Германското разузнавање заклучи дека убиствата на цивили не биле несреќа или моментална иницијатива на некои војници. Тие, според специјалната служба, би можеле да бидат дел од „јасната стратегија“ за „заплашување на цивилното население и потиснување на отпорот“, а во тоа би можеле да учествуваат и платеници од руската група „Вагнер.

 

Back to top button
Close