Гевгелија ги претстави своите специфики пред министерот за надворешни работи Бујар Османи и еконоските советници

– Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска беше во работна посета на Гевгелија придружуван од економските советници кои наскоро треба да заминат на должност во Варшава, Минхен, Анкара и Абу Даби.

Гевгелија беше последниот град од инфо сесијата на економките советници која се организираше со цел да се запознаат со спецификите на локалната економија,можностите за инвестициите и развој на туризмот кои ќе бидат презентирани во странство од страна на економските советници за привлекување инвестиции.

Османи се сретна со стопанственици и претставници на локалната самоуправа заради,како што рече,нивно поврзување со економските советници кои ги праќаме низ светот да најдат нови пазари за нашите продукти, да ги поврзат бизнисите, да се отворат нови работни места, граѓаните да имаат повисоки плати и подобар стандард.

-Се слушаат добри работи за тоа како општината успева да го поттикнува локалниот бизнис,што е многу важно,како што ми беше важно и советниците да ги знаат спецификите на општина Гевгелија за кога ќе ги презентираат да мошат да привлечат инвестиции, рече Османи.

Истакна дека со градоначалникот Сашо Поцков зборувале за штетата што ја предизвика пандемијата врз економијата во Гевгелија и дека бројките се лоши.

-Очигледно е дека Гевгелија е еден од најтешко погодените градови и презедов обврска и јас да ја информирам владата за да се преземат и специјални мерки за помош на Гевгелија во тој дел,нагласи Османи.

Од Гевгелија минитерот Османи ја најави и новоста дека ќе прати економски советник и во Софија затоа што економската соработка со Бугарија е во позитивен тренд,но сеуште под потенцијалот на двете земји.

-Пред се ова е економска одлука но самата економија потоа ќе влијае позитивно и на политиката,нагласи Османи.

За време на престојот во Гевгелија, министерот Османи и економските советници беа во посета на текстилната фабрика „Ноел“ и на фабриката за производство на полиетиленски цевки „Контихидропласт“ од Гевгелија.

Back to top button
Close