Ги гласавте – гледајте!

Оние кои мислеа дека со промената на градоначалниците и составот на советите во своите општини ќе се пробудат во градовите со нов начин на метење на улиците, се разбира дека се излажаа – прво за што се зафатија неколку од новите вмровски градски управи (а повеќето градоначалници од новите мандати уште не се ни официјално доделени) е да влезат во контроверзата со употребата на уставното име „Република Северна Македонија“.

Тоа го потврдува политичкиот правец во кој ќе се движи новата локална власт, многу „над“ ингеренциите за кои се бореа да ги освојат на тукушто завршените избори. Всушност, такви се и инструкциите од „Белата палата“, бидејќи политиката за поништување на Преспанскиот договор, одамна најавувана, е во нејзина „надлежност“. Следното на „дневен ред“ е поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија, иако Софија е прилично далеку отидена во тој зафат. За ВМРО-ДПМНЕ се појави мала, неважна „компликација“ во планот заради „плебисцитарниот“ избор на нивната кандидатка за градоначалник во Скопје која има бугарски „произход“, а и македонско државјанство. По објавувањето на таа сторија, нејзината победа беше уште поголема во вториот, во однос на првиот круг на гласањето.

Така изгледа „средбата“ на локалната со националната и меѓународната политика во Северна Македонија. Тоа е трендот во кој политички ќе се движи државата по овие избори, охрабрен од голем број гласачи (од етнички македонски „произход“). Многумина од нив можеби со право мислеа дека гласаат за подобрување на градскиот превоз или за состојбата со депониите низ општините, но вистинската политичка агенда за „едно име имаме“ на оние кои ги изгласаа не издржа ни 24 часа за да „исплови“ на површината.

 

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close