Го избоделе со нож – Детали за групната тепачка во автобус на ЈСП

Нашите извори велат дека во вечерашниот инцидент којшто се случи во Кисела Вода во Скопје, еден од учесниците во овој немил настан бил прободен со нож.

За потсетување, во еден од автобусите на ЈСП дошло до физичка пресметка на поголема група на луѓе, се претпоставува дека се ученици.

Полициските екипи се на терен и работат на расчистување на теренот.

Инцидентот се случи во автобус на ЈСП со број 51, вечерва во Кисела Вода. Одредени медиуми пренесоа дека биле нападнати и новинарски екипи.

Од МВР се уште нема официјална информација за настанот, откако ќе соопштат, дополнително ќе известиме за останатите детали.

 

Back to top button
Close