Голем број руски војници кои дезертираат имаат низок морал, покажува извештај на британскотo Министерство за одбрана

Руските судови носат пресуди против се поголем број војници поради дезертерство, што покажува дека моралот меѓу војниците е низок, според најновиот извештај на британското Министерство за одбрана.

„Одбивањето да се борат веројатно го одразува недостигот на обука, мотивација и високи стресни ситуации со кои се соочуваат руските сили на целата линија на фронтот во Украина“, објави Министерството на платформата „Икс“, поранешен Твитер.

Анализата се однесува на извештајот на независната руска веб-страница Медиазона од 18 јули во која се вели дека речиси 100 војници се осудени затоа што одбиваат да ги почитуваат наредбите секоја недела.

Високата стапка на пресуди го покажува ниското ниво на морал во руската армија и безволноста на некои војници, се наведува во извештајот на Министерството.

Back to top button
Close