Голем пожар во источна Албанија, евакуирани 11 семејства

Пожар од големи размери е регистриран во регионот на селото Дриз кај градот Фиер, источна Албанија. Поради опасност од ширење на огнот евакуирани се 11 семејства, има опожарени куќи, а блокиран е сообраќајот на делницата Ќафа е Кошовица-Цакран.
Според полицијата, пожарот избувнал во близина на местото викано „Азотик“ во селото, но поради ветерот брзо се проширил и во шумските предели на неколку соседни села.
Во гаснењето на пожарот вклучени се противпожарни единици од неколку соседни градови на Фиер, специјалната полициска единица “Шќипоња”, припадници на армијата, како и два армиски хеликоптери. Досега нема извештаи за повредени, но неколку амбулантни возила се на различни локации, во случај на потреба.






