Голем пожар во Манила ја уништи историската зграда на филипинската Централна пошта

Повеќе од 80 противпожарни возила синоќа го гаснеа огнот што изби во Централната пошта во главниот град на Филипини, Манила.

Огнот е изгаснат по седум часа. Пожарот ја уништи историската зграда на филипинската Централна пошта.

За време на пожарот во објектот немало луѓе.

– Изгоре целата зграда, од подрум до петти кат, соопшти локалната власт, додавајќи дека се истражува причината за пожарот.

Зградата на Централната пошта е изградена во 1926 година, а била уништена за време на Втората светска војна од окупаторските јапонски сили. Објектот е повторно изградена во 1946 година.

Back to top button
Close