Фокус: Полицијата трага по Васко Ковачевски,Екс директорот надвор од државата
Поранешениот директор на ЕСМ Васко Ковачевски е еден од десетината осомничени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и во ТЕЦ Неготино.

Станува збор за 29 осомничени лица, меѓу кои Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и поранешен член на Управниот одбор на компанијата. Според првичните информации, Ковачевски засега не е меѓу уапсените, но се трага по него..
Според информациите, осомничениот Ковачевски од октомври е надвор од државата.






