Голема акција за заплена на дрога во струмичко Ново село
Вечерва мобилната екипа на царинската управа направила голема акција за заплена на дрога во струмичко Ново село, пренесе тв24.

Според неофицијални извори од Cаринската управа запленета е поголема количина на дрога марихуана. Според информациите се работи за огромна заплена сместена во цел камион.
Повеќе официјални информации за акцијата се очекуваат во текот на утрeшниот ден.





