Гори двокатен автобус на Средно Водно – чадот видлив и од Скопје
Чадот кој е видлив од Скопје на планината Водно е од запален двокатен автобус, соопшти директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

Според податоците кои ги имам во моментов, на видиковецот на Водно има запален двокатен автобус на ЈСП, скопските пожарникари работат на негово гаснење, очекувам набргу да биде изгаснат, засега не постои опасност од ширење на огнот кон блиската вегетација, изјави Ангелов
Видеото погледнете го тука






