Гори отпад позади СЦ „Борис Трајковски“

Голем чад утринава е забележанво Карпош 3, позади Спортскиот центар „Борис Трајковски“.Од противпожарната бригада на Град Скопје велат дека станува збор за запален отпад на помала површина, но истиот претставува проблем за гасење. Според првичните информации станува збор за отпад кој припаѓа на општината, додека пак од противпожарната служба тврдат дека се работи за градежен шут,
Од против пожарната бригада информираат дека се ангажирани три противпожарни возила и осум пожарникари на терен.
-Не станува збор за голем пожар, зафаќа мала површина, меѓутоа дека се ангажирани е малку проблематична за гасење. Нема опасност за ништо“, велат од службата.






