Граѓанската иницијатива „Тетово сака парк”: Дали ќе се бетонира и Жена парк?

Граѓанската иницијатива „Тетово сака парк” објави дека според нивни сознанија на локацијата Жена парк се поставува бетон и со тоа се намалува зелената површина.

Бараат надлежните да ги прекинат работите со цел да има повеќе зеленило во градот.

-Паркот Жена борец согласно законската регулатива и неговиот недоволен вкупен зелен опфат не претставува парк. Доколку се намали неговата постоечка зелена површина ќе го изгубиме и ова последно зелено катче во градот на бетон и висококатници, нашиот град Тетово.Имаме сознанија дека утрово започнато е со бетонирање на дел од тревникот во Жена парк. Дел од информациите говорат дека општината има во план да постави детски реквизити на тоа место. Но, на само 50 метри се наоѓа Спортскиот центар полн со детски реквизити даден под концесија од која заработува само концесионерот, узурпирајќи го тој прекрасен простор кој мора да биде во општа употреба како јавно добро.Укинете ја концесијата, дајте им на младите простор со спортски терени и реквизити како што доликува, оставете го Жена парк неуништен, се вели во соопштението на иницијативата.

Оваа иницијатива се залага Жена парк да биде составен дел од поголема површина од 16 хектари простор што би означил нов градски парк

Back to top button
Close