Градот Берлин ќе одредува колку луѓе можат да изнајмат државен стан
Од 2024 година во Берлин стапува на сила новиот закон за издавање станови, неодамна усвоен од Берлинскиот Сенат. Според новото правило, самците ќе можат да изнајмуваат само еднособен државен стан, а паровите двособен.
Пред речиси две недели Берлинскиот Сенат објави проект за борба против недостигот на станови во Берлин. Строгите регулативи на пазарот на домување треба да обезбедат повеќе станови и поволни кирии во Берлин во иднина. Но, планот предизвика револт кај станарите.
И покрај сите критики, проектот сега е официјален. Слободните во Берлин ќе можат да се вселат само во апартмани со една соба. Според Берлинер цајтунг, самците кои изнајмуваат државен стан треба да добијат само еднособен стан. Сенатот го објави соопштението во понеделникот.При изнајмување и подзакуп се обезбедува соодветен сооднос на големината на домаќинството и станот за најдобро можно искористување на постоечкиот станбен фонд, стои во договорот за соработка меѓу Сенатот и шест станбени заедници во сопственост на државата.