Гренел: Венецуела се согласи повторно да прими авиони со депортирани мигранти од САД


Владата на Венецуела се согласи повторно да прими авиони со депортирани мигранти кои илегално влегле во САД, изјави денеска високиот американски дипломат Ричард Гренел.

Гренел на платформата Икс објави дека летовите ќе започнат утре.

Кон крајот на јануари, Гренел го посети венецуелскиот главен град Каракас како пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за да се сретне со венецуелскиот претседател Николас Мадуро и да разговара за депортацијата на мигрантите.

Оттогаш, група Американци задржани во Венецуела беа ослободени и почнаа летовите за репатријација.

Граѓаните на Венецуела сочинуваат голем дел од мигрантите кои бараат влез во САД во последните години, а многумина ја напуштија својата земја поради економската и политичката криза

Back to top button
Close