Грозданов: Анти-НАТО екологистите се прочитани, научниците се будни и државнички настроени

Во колумната „Циркуларна економија, модерни технологии и рударство“, металуршкиот инженер и аналитичар Виктор Грозданов напиша дека за да се привлече внимание се пласираат многу невистини во јавноста. Тој акцентот го стави на т.н. еко-активисти кои се против отворање на рудникот за бакар во Иловица.

-Невистините се за еден рудник, но со истата приказна за сите други рудници. 1. Рудник ќе имало во сред поле. МАНИПУЛИРААТ. Рудникот е во ридот. 2. Ќе имало експлозии со енормна прашина. НЕВИСТИНА. Во сите рудници сега се користи „имплозија“ која го растресува земјиштето за полесно копање и со бучава нормална за човеково уво. 3. При мелењето на рудата ќе се создавала енормна прашина и истата ќе одела во полето. МАНИПУЛАЦИЈА. Мелење на руда се врши во систем како „мелница за кафе“. Прашината е во мелницата, од едноставна причина, никој несака да металот од кој заработува да му побегне, впрочем исто како кафето кое се мели. 4. Ќе имало ЅО2 (сулфур диоксид) и ќе се создавале кисели дождови кои ќе го срамнеле струмичкото поле. НЕТОЧНО. За да има вакво нешто треба да има печка, тоа се вика пирометелургија. Тоа не постои. Се користи вода и тоа се вика хидрометалургија. 5. Велат ќе имало брана висока 2260 метри. СЕ ПРАВАТ НЕДОВЕТНИ. Самата компанија го послуша советот од еден и едеинствен состанок на научници предводени од Проф. Др. Александар Димитров да се оди со минимално користење на рударска вода и со сува постапка. БРАНА НЕМА ДА ИМА И ЗАТОА ИНВЕСТИТОРОТ ДОСТАВИ ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ, напиша Грозданов.

Според него, ваквите „еко-познавачи“ немаат образовен капацитет да разберат металуршки процеси од типот на лужење на злато со тиосулфат во комбинација со касетно одлагање на суви јаловишта.

– Нивната лажна еко посветеност е обланда за вистинската цел на АНТИ НАТО структурите, кои сакаат Македонија и понатаму да се држи во заложништво наместо да граби напред. Сепак овие АНТИ НАТО и АНТИ МАКЕДОНСКИ елементи се повеќе се нервозни, бидејќи се прочитани и не можат и понатаму да ги продаваат нивните манипулации како апсолутна вистина. Научниците се будни, свесни, совесни и државнички настроени за благодетот на сите граѓани на Македонија, истакна Грозданов.

Тој во колумната ги појасни и современите процеси кои се користат при вакви рударски зафати.

– Еден таков процес е пиролиза и гасификација. Пиролиза доаѓа од кованицата на зборовите pyro(оган) и lysis(раздвојување). Тоа е процес на термичко разложување на супстанции кои се јавуваат како последица на долготрајно исложување на високи температури. Но, без контакт со кислород и останати оксидациони средства или вода. Инаку пиролизата како природен процес постои и во природата, но и во нашите кујни. Се работи за затворен систем за преработка односно рециклажа за гума. Затворен систем, без мирис и без контакт со надворешната средина. Се добива жица и нафта, ама се ослободува и топлинска енергија која пак во затворен систем може да се користи 24/7 за загревање на градинки, училишта, болници итн и тоа производителот да го даде како општествено одговорна компанија, потенцира инженерот.

 

Back to top button
Close