Груби го разреши пејачот Касапи од советник за култура

Шпат Касапи, кој е познат пејач и син на прaтeничка, пред еден месец, како што објавија тогаш некои медиуми, бил фатен со пакетчиња прашкаста материја во населбата Ѓорче Петров

Шпат Касапи денеска е разрешен од позицијата советник за култура и општество на првиот вицепремиер Артан Груби, откако пред еден месец беше приведен поради поседување дрога, објави Канал 5 повикувајќи се на извори од Кабинетот на Груби.

Груби за „360 степени“ ја потврди информацијата и рече разрешувањето на советникот била првата работа што вицепремиерот ја направил утринава.

„Уште во 8 часот наутро. Тоа беше прво нешто што го направив денес“,кусо ни изјави Груби.

Касапи, кој е познат пејач, е син на прaтeничката, Ѓилемсер Касапи и пред еден месец, како што објавија тогаш некои медиуми, бил фатен со пакетчиња прашкаста материја во населбата Ѓорче Петров во близина на „СП-планет“. Тој тогаш бил приведен.

Back to top button
Close