Груби од медиумите дознал дека е ставен на црната листа.Одлуката ме засегна директно и лично
Во недостиг на детални информации, дознав од медиумите за денешната одлука на Стејт департментот.
Како човек кој мојот јавен живот го посветив на одбраната на западните демократски вредности и кој секогаш посветено работев за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, оваа одлука ме засега директно и лично.
Ќе се обврзам со сета посветеност и максимално, заедно со сите наши пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме со години за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го разјасниме ова прашање.
Транспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе бидат главниот столб на секоја моја акција.